Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години во група со Ирска, Полска и Грузија за пласман на ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ги доби ривалите во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство. Генерцијата на Горан Станиќ на ждрепката падна во групата 3, а за пласман на големото натпреварување ќе игра против репрезентациите на Ирска, Полска и Грузија. За нашата репрезентација ова е прв, историски пласман во елитната фаза во конкуренција за фудбалери до 17 години. Првенството ќе се одржи од 4 до 20 мај.