Гора: Локано ски првенство Шиштевац 2018 (ВИДЕО)

Регионалниот совет на Кукс во соработка со Општина Шиштавец со поддршка на Рафајзен банка и неколку
локални фирми четврта година по ред организираше локално ски првенство во Шиштавец, областа Гора. Во својот говор градоначалник на општина Кукс, Башким Шеху рече дека промоцијата на најдобрите вредности на областа и развојот на планинскиот туризам, особено се неоспорен приоритет на Општината.

Градоначалникот Шеху, исто така, ги покани бизнисмените, особено локалните, да дојдат и да инвестираат во оваа област Гора во областа на планинскиот туризам. Во ова првенство учествуваа скијачи од различни возрасни групи и за победниците им беа доделени сертификати и награди. Поканети беа претставници од Префектурата Кукс, Градскиот совет на Кукс, експерти за туризам, спортисти, претставници на здруженија, бизнисмени и жители од областа на Гора.