Грчкиот претседател се заканува со вето за членство во ЕУ за Албанија

Шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос повторно упати остри заканувачки тонови кон Албанија, предупредувајќи ја дека доколу продолжи со инсистирање на „прашањето за Чамите“, го доведува во опасност своето членство во ЕУ.

„Албанското раководство прави голема грешка што ги поддржува правата на некои кои беа нацистички соработници. Не можете да имате европски аспирации и да барате права на нацистички соработници. Кога Тирана ќе има поинаков став, тогаш Грција е тука да и помогне на соседната земја за ЕУ“, изјави Павлопулос.

Ова е втора изјава на грчкиот претседател Павлопулос, по онаа од пред три дена, кога и се закани на Албанија да не го споменува прашањето за Чамите доколку сака во ЕУ, а Чамите ги нарече „дел од нацистичката суровост за време на Втората светска војна“. Премиерот Еди Рама и порача на Грција дека треба да ги прифати барањата на Албанија кога се во прашање Чамите, протерани Албанци од областа Чамерија и оти треба да се подигне нивен споменик во Грција.

Според него, не постојат никакви територијални претензии од неговата земја кон Грција, но дека на Чамите не може да им се одземаат нивните права што подразбра и правото на имот. За шефот на албанската држава, Илир Мета, ставовите на Павлопулос не носат позитивна енергија Претходно шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на седница на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Албанија изјави дека се очекува Тирана и Атина да ги надминат разликите за имотите на Чамите во Грција. На тоа експресно рагира неговиот грчки колега Никос Коѕијас повторувајќи го веќе познатиот став на Грција дека „не постои прашање за Чамите“.