Груевски до Мета: Притворот на Едмонд Темелко е доказ за политички притисок и нечовечки третман

Македонско – албанските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на Република Македонија биле главни теми на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со претседателот на Албанија, Илир мета, на која присуствуваа и генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет, Александар Николоски.

Груевски, запознавајќи го својот соговорник за актуелните случувања во државата го отвори и случајот со притворот на Едмонд Темелко кој е единствениот Македонец по потекло градоначалник во Република Албанија. Тој истакна дека одлуката за притвор е резултат на политички притисок и не е заснована на правни принципи. Воедно Груевски изрази загриженост за неговата здравствена состојба која е влошена, и која е доказ за нечовечко однесување и постапување спрема човекот кој е борец за човекови права и градоначалник во општина во Албанија“, се вели во партиското соопштение.

Advertisement