Институтот за старословенска култура од Прилеп организира трибината „Македонците во Албанија – искуства и предизвици“

Институтот за старословенска култура од Прилеп е домаќин на трибината „Македонците во Албанија – искуства и предизвици“ на која ќе се разговара на една многу актиелна тема за Македонците во Албанија. Проф. д-р Катерина Тодороска, Д-р Мери Стојанова, етнолог – виш кустос НУ Завод и музеј – Битола, М-р Денис Аџија, магистер по историски науки, Васил Стерјовски, секретар на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, Или Халилај, претседател на огранокот за Голо Брдо на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана

По завршувањето на воведните излагања на воведувачите во темата, на оваа трибина ќе биде отворен разговор со присутните, а на поставените прашања ќе одговараат воведничарите. Зависно од покажаниот интерес за оваа исклучителна тема, во иднина се предвидуваат и други трибини во врска со Македонците во Албанија, што секако ќе зависи од финансиските средства. Македонското дриштво „Илинден“ од Тирана искрено се заблагодарува на проф. д-р Ели Луческа, директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп за покажаниот интерес за истражување на историјата, културата, етнологијата на Македонците во Албанија.