Интервју со г-дин Или Халилај, претседател на Македонското друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо за проблемите во областа Голо Брдо

Македонски весник “Илинден”: Како ја оценувате положбата на Македонците во областа Голо Брдо?

Или Халилај: Во врска со положбата на Македонците во Голо Брдо, како што знаете за жал, не можеме да се пофалиме. Тоа првенствено го говориме бидејќи срамно е во 2018 година по кој знае кој пат да кажуваме дека цел еден регион кој зафаќа територија од над  23 села, жителите живеат со неасфалтирани патишта, без болници и без општина. Целата област е оставена сама на себе, а жителите за еден обичен извод на родени треба да патуваат 2 часа. При тоа, задожително ќе потрошат 30 пати повеќе пари од што треб да се плати еден извод. Истата процедура ја имаме и при олаќањето на нашите сметки, пратки итн.

Македонски весник “Илинден”: Знаеме дека областа Голо Брдо е планински регион, па можете ли да ни кажете со кои проблеми се соочуваат Македонците во зимскиот период?

Или Халилај: Ги имаме многу. Но, сепак, најтешко е доколку се разболи човек во зимскиот период оради тоа што кај нас знае да наврне снег, дури и околу еден метар. Тогаш патиштата се непроодни или тешко можеме да се движиме низ снегот. Сепак, последниве години имаме одредено олеснување бидејќи имаме нов и нам, близок граничен премин преку кој поминуваме во Република Македонија. Така, нам ни се скратија маките и сега одиме во Дебар за да се лечиме. За жал, нам како на жители на Албанија, не ни се остапни основните човекови права. Најдобар показател за тоа е што најблиската болница кај нас од албанска страна е во Пешкопеја. Но, треба да се знае дека до овој град патувањето е два и пол часа со комбе. Затоа, во зимско време кога сите патишта во Голо Брдо се блокираат од снегот, наш спас е само преминот кој не поврзува со Република Македонија, но, за жал тој во зима работти од 8 до 18 часот, а во лето од 8 до 20 часот. Гледајќи го спасот во овој премин, Македонците од Голо Брдо апелираат до македонските и албанските власти да го продолжат работното време на граничниот премин Џепиште-Требиште за два до три часа.

Македонски весник  “Илинден”: Македонското друштво “Илинден”- Тирана и Македонското друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо беа најгласни против новата административно-територијална поделба што се спроведе во 2014 година. Тогаш беа укинати општините во Голо Брдо и Гора. Дали од денешна перспектива се уште мислите дека е грешка што Голо Брдо и Гора останаа без самостојни општини?

Или Халилај: Новата административно – територјалната поделба која албанската Влада ја спроведе во 2014 година ја оценивме како еден начин на делба и економско протерување на Македонците од овие области. Имено, еден од главните фактори поради кои Македонците масовно и секојдневно се исселуваат од родните огништа е тоа што нема ниту општина, ниту институции кои на народот би му ги намалиле повеќето проблеми. Напротив, сега нашите жители мораат да патуваат до градот Булѓиза доколку сакаат да завршат некоја работа во општината. Тоа секако изискува и материјални средства, кои за нашето население е товар. Од тие причини, сметаме дека Република Албанија треба да ја преиначи одлуката од 2014 год., која се однесуваше за нова административна поделба.

Македонски весник  “Илинден”: Кои се активностите на  Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо за подобрување на животот и правата на Македонците во Голо Брдо?

Или Халилај: Македонското друштво “Илинден” Огранок Голо Брдо секогаш било и ќе биде активно во правец на подобрувањето на секојдневието на нашите сожители. Се прават напори да подобрување на условите за живот на припадниците на македонското малцинствао во Албанија. Сакам да го истакнам и фактот дека ние тука се соочуваме и со многу сериозна навала на бугарските претставници во Албанија или бугарските емисари, кои во Голо Брдо бараат нивно малцинство, кое не постоело и не постои. Поголем проблем од нив е што луѓето поради економски причини подлегнуваат на ветувања и  многумина имаат извадено бугарски пасоши. И тие говорат дека тука нема Бугари, ама лошата економска положба на населението мора да ја надминуваат без никаков знак и заитересираност дека македонската влада би помогнала барем на едно поле. Во ваква положба и ние правиме напори да помогнеме во борбата на населението за пристоен живот. Следното што се трудиме да го заживееме е да го воведеме македонскиот јазик во училиштата во Голо Брдо, бидејќи македонскиот ни е мајчин јазик што го зборуваме, па зашто и да не го пишуваме?

Македонски весникот “Илинден”: Како  претседател  на Македонското друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо, кои се вашите идни планови во однос на заштита на интересите на Македонците во областа ГолоБрдо?

Или Халилај: Јас како претседател на Македонското друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо како примарен план ја гледам  реалноста во која ќе успееме да го озакониме македонскиот јазик во училиштата за да го учат децата. Не помала потреба и сатисфакција за нас е  да бидеме прифатени како македонско малцинство, за и ние да ги уживаме основни човекови права кои ги уживаат сите малцинства во светот. Не сакаме д бидеме како нашите татковци и дедовци ги немале никакви права како Македонци и биле под постојан притисок. Ценам дека сега е дојдено времето секој да си го добие она што му припаѓа, и паралелно со тоа работиме да ја зачуваме културата и обичаите.

Македонски весникот “Илинден”: Вашата порака како преседател  на Македонско друштвото “Илинден”- Огранок Голо Брдо до Македонците во областа Голо Брдо?

Или Халилај: Како и секогаш, да не се плашат да бидат тоа што се и да не ја забораваат нивната татковина, но и дека сме староседелци на свои огништа, а не сме дојденци седнати во туѓи куќи бидејќи сè што имаме и материјално и духовно, сè е наследено од нашите предци. Македонци сме се родиле и такви ќе умреме.

Македонски вестник “Илинден”:  г-дин Или Халилај, Ви благодарам за интервјуто, Ви посакувам лични и професионални успеси.

Или Халилај: Благодарам и на вас и да се видиме само за убаво.

 

Македонски весник „Илинден“                                                                                                                     

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај

Advertisement