Инцидентот во Керченскиот теснец (ВИДЕО)

На интернет се појави видео материјал на кој е прикажан комплетниот инцидент што се случи во Керченскиот теснец на 25 ноември 2018 година кој учествуваа украински реморкер и рускиот брод „Дон“ од составот на пограничната служба на ФСБ. На снимката се гледа како рускиот брод удира во противничкиот реморкер и успешно го запира, откако претходно украински бродови илегално влегоа во територијалните води на Руската Федерација.

Според извори на информативната служба на украинската воена морнарица, во овој инцидент во Керченскиот тесенц руските специјалци успеале да заземат два мали украински оклопни чамци и еден реморкер. Во Киев додаваат дека притоа е применето и огнено оружје, каде што се наведува дека во текот на операцијата на руските војници се ранети двајца морнари.

Инцидентот се случи откако руската ФСБ ги предупреди трите украински воени бродови дека ги повредиле руските територијални води во близина на Керченскиот премин. Руската специјална служба го нарече овој инцидент провокација, а командата на украинската воена морнарица изјави дека бродовите, кои тргнале од Одеса и Мариупол, се наоѓале во тие води потполно легално. Наскоро Керченскиот теснец беше блокиран, а од правец на Крим во зоната на инцидентот долета борбена авијација (јуришници Су-25 и ударни хеликоптери Ка-52)