Историска средба меѓу лидерите на Јужна и Северна Кореја (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонх Ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џаен ин имале „сериозни и искрени“ разговори за денуклеризацијата на Корејскиот полуостров и траен мир во текот на првата сесија на самитот во пограничното село Панмунџом, соопштија јужнокорејски претставници.

„Двете страни пишуваат заедничко соопштение и двајцата лидери ќе го објават кога ќе биде завршено“, рекол на брифинг претставник на Јужна Кореја Јун Јанг-чан. На разговорите присуствувала и сестрата на Ким, Ким Јо џонг која прва и ги воспостави топлите односи со Јужна Кореја на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. Ким во црна лимузина и во придружба на телохранители се вратил во Северна Кореја , но подоцна повторно ќе дојде на вечера во Панмунџом која ја организира Мун.

„Историјата почнува сега“, рекол лидерот на Јужна Кореја, додека Ким Џонг Ун рекол дека срцето му бие како лудо шегувајќи се велејќи „се надевам дека ќе уживате во нудлите кои ви ги донесовме“. Потсетуваме, пред само неколку месеци односите меѓу двете Кореи беа многу лоши, а сега двете земји би можеле да дискутираат за мировниот договор и нуклеарно вооружување.

 

Advertisement