Италијанската полиција запленила 1,5 тони марихуана транспортирана од Албанија

Италијанската полиција на морскиот брег, кај Молиси, запленила 1,5 тони марихуана транспортирана од Албанија. Во акцијата се уапсени двајца албански државјани кои со моторен чамец ја транспортирале дрогата. Во меѓувреме грчката полиција запленила 85 килограми марихуана на патниот правец Арта-Месолоѓи,кај местото Сакула. Уапсен е 33-годишен Албанец кој дрогата ја транспортирал со автомобил со грчки регистарски таблички.