Итна средба на парламентарните политички партии во Албанија

 

По неуспехот на преговорите на главните политички партии,Социјалистиката партија, Движењето за социјалистичка интеграција и Демократската партија, со посредство на европските пратеници  Кнут Фленкенштајн и  Дејвид Мекалистер, спикерот на парламент и лидер на Движењето за социјалистичка интеграција, Илир Мета, свика итна средба на сите парламентарни политички партии.

Според првичните информации, средбата треба да се одржи вечерва. На истата  ќе се разговара за начинте за надминување на политичката криза и спроведување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните парламентарни избори. Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша заедно со лидерите на обеднетата опозиција одржуваат состанок на кој го разгледуваат предлогот на Мета. Јасно е дека опозицијата не отстапува од барањето за техничка влада,што Баша им го кажа и на европските претставнци кои вчера престојуваа во Тирана да помогнат за надминување на недоразбирањата, во што не усепаа.

Advertisement