Излезе книга “По потрагата за центар и периферија: Лингвистички односи, малцинства и landscapes во Централниот Балкан”

 

Под редакција на Максим Макарцев, и Макс Валстрјом излезе книга “По потрагата за центар и периферија: Лингвистички односи, малциства и landscapes во Централниот Балкан”. Книгата ги опишува малцинствата во областа околу Охритското езеро и Преспанското езеро, давајќи исто много теренни податоци за Македонците во Албанија. Ова заедничко истражување дава значаен придонес за идентификување на јазичните и социјалните проблеми на малцинствата во регионот. Во основа на книгата се материјали од експедицијата на Иницјативата за реалните и лингвистичките истражувања од Хелсинки, Финска. Книгата е испечатена од Унверзитетот во Хелсинки на англиски јазик како дел од серијата Slavica Helsingiensia.

Електронска верзија на книгата http://www.helsinki.fi/slavicahelsingiensia/preview/sh49/pdf/sh49.pdf