Јапонскиот премиер во посета на Србија 

Премиерот на Јапонија Шизо Абе кој предводи делегација јапонски стопанственици денеска ја почнува посетата на Србија. Тој ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ. Абе е прв јапонски премиер кој доаѓа во Белград од 1987 година кога тогашниот премиер Јасухиро Накасоне ја посети СФРЈ. Претходно Шинзо Абе престојуваше во Бугарија каде што со премиерот Бојко Борисов ветија дека ќе ги отворат можностите за јапонски фирми на Балканот.