Камен-темелник на нова црква на МПЦ-ОА во Германија

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите Тимотеј и Пимен, денеска во Дортмунд ќе го осветат камен-темелникот на новата црква на МПЦ-ОА во Европската Епархија. Архиепископот Стефан и Владиката Тимотеј, вчера пристигнале во Германија, а нивен домаќин ќе биде надлежниот митрополит на Европската Епархија, Пимен.

Осветувањето на камен-темелникот ќе почне со литургија во 10 часот, а чинот на осветување е закажан за 12 часот. Ова ќе биде уште една во низата нови цркви на МПЦ во Европската Епархија, откако нејзиното раководење го презеде митрополитот Пимен. Да изградиме Црква -духовно светилиште ,кое ќе сведочи за постоењето на еден свет верен Македонски Православен народ, стои во поканата  за денешниот настан од црковната општина во Дортмунд.