Катастрофална ситуацијата на медиумите на македонското нацонално малцинство во Албанија

Катастрофалната состојба на медиумите на македонското национално малциство во Албанија. Медиумите на македонското национално малцинство се: еден национален весник што излегува еднаш месечно, три портали и две радио и ТВ програми – програмата на државното радио (Радио Корча) кој емитува 30 минутна програма дневно на македонски, и секој ден ТВ Кристал во Корча емитува песни и Македонски ора. Овие медиуми се минимална бројка и не се доволни да ги задоволат потребите на македонското национално малцинство.

Меѓу проблемите со кои се соочуваат медиумите на македонското национално малцинство се финансиски проблеми, немање искуство, немање обука на персоналот и др. Најчесто тие се потпираат на привремени донации и грантови. Финансиските тешкотии дополнително ја отежнува работата на електронските медиуми кои имаат многу повеќе трошоци. Радио Преспа, единствено радио на македонското национално малцинство кое припаѓаше на малцинствата одамна престана да емитува.

Поради тоа, потребна е поддршка на овие медиуми во вид на финансиска помош, дополнителна обука и професионален кадар за понатамошен развој и зајакнување на овие медиуми на македонското национално малцинство во Албанија./Никола Ѓурѓај главен и одговорен уредник на Македонски весник „Илинден”.