Кина ја создаде најголемата пловечка соларна фарма во светот

 

Кина е една од најзагадените земји во светот, велат податоците на Светската здравствена организација.  Пекинг е познат по тоа што е прилично загаден. Но, неодамна Кина си постави за цел да стане лидер во обновливата енергија. Кинеската влада најави дека ја завршија изградбата на најголемата лебдечка соларна фарма во светот која сега произведува енергија.

„Sungrow Power Supply“ ја изгради 40 мегаватна соларна централа, која се наоѓа на врвот од поранешен поплавен рударски град во источниот дел на провинцијата Анхуи. „Централата не само што целосно ја користи оваа област, туку и ја намалува побарувачката за земјиште и ја подобрува генерацијата поради ефектот на ладење на површината“, вели официјален претставник на локалната власт. Кинеската влада се посвети на зголемување на употребата на не-фосилни горива за 20% како и на тоа да стане зелена суперсила.