Конечно Google овозможи „Merchant Registration“ од Македонија

 

Google Play ја прошири листата на држави од кои се овозможени „Google Play Developer Registration“ и „Merchant Registration“. Поголемата вест е дека на оваа листа конечно е додадена и Македонија! Секако за девелоперите е многу поважно „Merchant Registration“. Со оваа можност македонските развивачи на апликации ќе можат да продаваат апликации. „Google Play Developer Registration“ беше достапен и досега, но „Merchant Registration“ ќе овозможи развивачите да ги продаваат апликациите, а не како досега да ги објавуваат бесплатно. Заедно со Македонија на листата држави се додадени и Бахами, Белизе, Фиџи, Гана, Гвам, Хаити и Маврициус. Ова ќе овозможи наплаќање на апликации преку Google. До сега можевме да качуваме само бесплатни апликации. Досега не можеа да се користат in-app purchases, ама одсега ќе може да се користи и ова. Ова секако ќе биде дополнителна мотивација за сите андроид девелопери од Македонија да работат на квалитетни апликации.