Конференција во Сочи за Сирија со порака поскоро да завршат судирите

 

На Конгресот во рускиот град Сочи, на кој учествува сириската опозиција, донесена е одлука за формирање на Комисијата за изработка на Уставот. Во соопштението за кое се усогласени присутните делегации изразена е желба што поскоро да завршат судирите во Сирија. Апелирано е и на меѓународната заедница да пружи поддршка со цел повторно обединување на земјата, напоменувајќи дека со таа цел е формирана и Комисијата за изработка на Уставот. Во соопштението се наведува дека Комисијата би ја сочинувале делегации на сирискиот режим и делегацијата на пошироката опозиција, а нивна задача би била да подготви нацрт за уставните реформи во земјата. Комисијата за изработка на Уставот би ја сочинувале и експерти, племенски лидери и представници на жените. Одлучено е дека во рамките на преговорите во Женева, под покровителство на Обединетите нации, да биде донесена конечна одлука за овластувањата, процедуралните правила и други прашања. Во соопштението е упатен апел до ОН, специјалниот претставник на ОН за Сирија да има улога на помошник задолжен за активности на Комисијата во Женева.

Advertisement