Лавров: Русија е подготвена да помогне при обединување на Јужна и Северна Кореја

Русија е подготвена да помогне на Јужна и на Сееврна Кореја во процесот на обединување, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Прашањето не е дали сме ја разгледувале таа тема или не, темата за корејското обединување е на дневен ред како принципиелна задача, ориентир кон кој се движат двете држави. Тој додаде дека и во Северна и во Јужна Кореја има структури на министервото што се занимаваат со прашањето за обединувањето.Ние поддржуваме стремеж на корејскиот народ за свое единство. Подготвени сме да помогнеме за тоа, но решавачки збор имаат Сеул и Пјонгјан. Ќе укажеме секаква помош која е добра за нашите соседи, изјави Лавров.

Advertisement