ЛОМА е поддржувач на кампањата на Македонското меѓународно движење за човекови права “Нашето име е Македонија”

Драги Македонци и пристојни луѓе ширум светот; Македонија и постоењето на македонскиот народ се загрозени како никогаш порано. Сегашната вазална влада на Република Македонија, само една од многу вазални влади пред неа, е решена да изврши смртен удар на Македонија и нејзиниот народ. Предавниците меѓу нашиот народ се решени да го сменат името на Македонија, и еднаш засекогаш ќе осигурат дека Македонија и македонскиот народ ќе станат само фуснота во историјата. Дојдовме да очекуваме вакво насилство и омраза од нашите противници како што е грчката влада, но како можеме како Македонци да седеме мирно и да гледаме како нашата сопствена влада се обидува да не униште. Затоа LOMA е горд и жешток поддржувач на кампањата “Нашето име е Македонија” на МHRMI. Оваа кампања е посветена на апсурдниот и искрено расистичкиот таканаречен “Македонски и грчки спор за името”. Ова во никој случај не е ново прашање, таканаречените преговори за името се одвиваат во некоја форма или во друга, веќе околу 20 години. Причината зошто овај проблем стана итен, е бидејќи претходните македонски администрации го искориствеа прашањето за името за добивка на внатрешна политичка поддршка, но сегашната администрација јасно изјави дека не блефира. Овие преговори за името, се срами и се понижување за македонскиот народ веќе од самиот почеток, и тоа е национална трагедија како ние македонскиот народ е дозволивме оваа шарада да продолжи олку долго.

Доста е! Ние сме Македонци, името на нашата држава е Македонија, нашиот јазик е македонски, нашето знаме е македонско сонце, а нашиот национален симбол е македонскиот лав. Зошто морат Македонија да си ја продајт душата на Грција? Зошто македонскиот народ треба да се предаде? Ние како Македонци го создадовме ова чудовиште уште во 1995 година кога се согласивме да го смениме нашето име на FYROM и да го прифатиме наметнатото знаме кое беше комплет со си новото име. Драги Македонци дојде времето да го убијеме чудовиштето што го создадовме и да го вратиме нашето достоинство. За повеќе од 20 години ние го вееме вазалното знаме и толериравме да бидеме упатени со акроним. Единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија е да се вратиме на почетокот. Кога Македонија се ослободи од Југославија, македонскиот народ беше многу јасен за нашето име и за кое знаме ќе вее над нашиот народ. Драги Македонци, овде имаме можност да го вратиме времето, на време и на место кога сме биле горди Македонци. Ајде, не само да ги укиниме преговорите за името еднаш и за секогаш, но ајде и да го земиме назад она што веќе сме го изгубиле. Ајде да го вратиме нашето основно знаме и нашето единствено име. Ако сакаме да се ослободиме од овој вирус, тогаш треба да ги отфрлиме сите остатоци од него. Македонски браќа и сестри, да ја обединиме Македонија и да ја вратиме на место и време на кое можеме да се гордееме со неа. Нашето име е Македонија!