Македонија 2025 во Охрид ќе одржи промоција за претстојниот самит

На 17-ти август, во хотел Нова Ривиера во Охрид, од 17.30 до 19.30 часот ќе се одржи промотивен настан на Македонија 2025. Домаќин на настанот ќе биде Петар Спасески, член на клубот на лидери на МК2025. Настанот има за цел да го промовира претстојниот Македонија 2025 Самит пред компании од Охрид и регионот и да ја претстави Македонија 2025. Настанот исто има за цел да ги поврзе бизнис професионалците и претставниците од дијаспората во Охрид и можностите за заедничка соработка.

Македонија 2025 Самит е динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, лидерството и иновациите. Истиот ќе се одржи на 1-2 Ноември во Скопје, во хотел Мариот. Очекувани се 40 + панелисти, врвни експерти и високо рангирани регионални и глобални лидери. Опфатени теми ќе бидат регионалните и глобалните економски трендови, бизнисот, инвестициите, иновациите, лидерство како и ИТ и технолошките истражувачки и развојни сектори.