Македонија го доби противникот во баражот за СП

Машката ракометна репрезентација штотуку го заврши својот настап на Европското првенство во Хрватска, а како што беше планирано, денеска го дозна и својот противник за бараж дуелите кои ќе мора да ги одигра за да се пласира на главниот турнир на СП. Македонија ќе стигне на натпреварувањето кое ќе се игра во Данска и Германија ако претходно излезе како подобра во двата дуели кои ќе ги игра со Романија, репрезентација која денеска ја добивме за противник на ждерпката која се изврши во Загреб. Избраниците на Раул Гонзалес ќе бида домаќините на првиот дуел кој ќе се одигра на 8 јуни, а една недела подоцна, поточно на 14 јуни ќе се одигра реваншот во Рроманија. .

Advertisement