Македонија го совлада Исланд со 3-0

Тениската репрезентација на Македонија со максимални 3:0 го победи Исланд во рамките на мечот од 2.коло од Третата Европска зона од Дејвис купот. За комплетен триумф над Исланд се погрижија Горазд Србљак и Шендрит Деари кои со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови) ги победија Владимир Ристиќ и Егил Сигурдсон. Претходно двете победи за Македонија во сингл мечевите ги донесоа Димитар Грабул и Томислав Јотовски.

Македонија денеска првата победа ја постигна откако претпладнево во продолжението на вчера прекинатиот меч поради дожд ја совлада Малта со 2:1. Во второто коло првата победа ја постигна и фаворитот Молдавија, која со 2:1 ја победи Малта. Токму Молдавија е третиот противник на нашата репрезентација, почетокот на овој меч нема да биде пред 16:15 часот по македонско време.