По денешните натпревари во групите “Ц“ и “Д“, стана познато кои шест репрезентации ќе продолжат во главната фаза. Од групата “Ц“ продолжуваат Македонија, Германија и Словенија, а дома заминува Црна Гора, додека од групата “Д“ продолжуваат Данска, Шпанија и Чешка, а дома заминува Унгарија. Македонија е најпријатното изненадување во досегашниот тек на првенството и нашата репрезентација главната фаза ја почнува од челна позиција во групата 2, која своите натпревари ќе ги игра во Вараждин. Да потсетиме, двете првопласираните селекции од двете групи ќе настапат во полуфиналето, а двете третопласирани ќе играат за петтото место. Преостанатите шест селекции ќе се пласираат според освоените бодови.
Advertisement