Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ ќе учестува на парламентарните избори

 

Централна изборна комисија соопшти дека за учество на парламентарните избори во Албанија закажани за 18 јуни, кандидатури поднеле 45 политички субјекти. Рокот за регистрација за учество на изборите заврши. Во конечната листа се 45 политички партии, кои на 18 јуни ќе се тркаат за места во законодавниот дом. Mеѓу регистриранте партии за учество на изборите е и единствената партија на Македонците во Република Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).