Македонска берза со пораст 56,7 % во 2017

 

Македонска берза го објави годишен билтен според кој прометот остварен за 2017 година изнесува 4.738.444.919 денари или 56,7% повеќе во однос на 2016 година кога изнесувал 3.023.394.172 денари. Класичното тргување опфаќа најголем дел од прометот, односно 2.907.809.921 денари, потоа блок трансакциите 1.817.744.356 денари и јавните берзански аукции 12.890.642 денари.

Според податоците бројот на трансакциите изнесувал 16.045 што е за 25.7% повисок од 2016 каде се рализирале 12.765 трансакции. Пазарната капитализација во 2017 година изнесуваше 136.338.756.416 денари и е повисока за 17,8% во однос на 2016 година кога изнесувала 115.710.274.852 денари.

Најтргувани акции на официјалниот пазар во 2017 година се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Гранит Скопје, Македонијатурист Скопје, Охридска банка, ТТК Банка Скопје и УНИ Банка Скопје. Годишниот статистички билтен на Македонска берза, за периодот од 01.01 – 31.12.2017 година можете да го погледнете на линк.