Македонската дијаспора во Франција: Членството во НАТО и во ЕУ не може да биде услов за промена на името

Делегација на македонски здруженија од Франција имаше средба со претседателот на француско-македонската група за пријателство на француското национално собрание Бертран Сор (Bertrand Sorre), со цел да се запознаат различните проекти и активности поддржани од оваа група за развој на пријателските односи меѓу Франција и Македонија. На средбата се разговараше за политичката криза со која се соочува земјата, за т.н. платформа од Тирана која претставува директно вмешување од страна на земја-кандидатка во внатрешните работи на друга земја-кандидат. Ова би можело да стане опасен преседан во меѓународните односи, особено во овој период на опаѓање на солидарноста во ЕУ и во светот, исто така во овие времиња на загрозена безбедност во светот.

На средбата беше истакнато дека преговорите со Грција треба да се прекинат ако 137 од 193 земји или 71% од земјите-членки на ОН, ја признаа Република Македонија со уставното име. Може ли правото на самоопределување и самоназначување да биде повредено од ветото на една земја, без да бидат засегнати  интересите на другите земји? Интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ не може да биде услов за промена на името. Ова е неприфатливо бидејќи е против законот. Според меѓународното право и правото на македонскиот народ, како конститутивен народ на Република Македонија, самоопределувањето, единственото е прифатливо решение, бидејќи е разумно, соопштија од македонската дијаспора во Франција.