Македонската храна во каталог за Русија

Во Скопје денеска ќе биде промовиран петтиот по ред руско-македонски бизнис каталог „По еден пат со светот Русија и Македонија“ во издание на Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност. На промоцијата најавено е обраќање на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Николаевич Шчербак.

Избраните содржини, илустрации и прикази на шареноликоста на Република Македонија, нејзините традиции, како и многубројните природни и економски потенцијали, изнесени во него, претставуваат одраз на желбата на издавачот активно да учествува во продлабочувањето на традиционалните пријателски односи помеѓу народите на Република Македонија и Руската Федерација. Со тоа се надеваме дека ќе придонесеме и за развој на плодотворни и посакувани бизнис и туристички релации во двете насоки, вели издавачот.

Во тоа, се посочува, имаат поддршка од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Македонско – руската стопанска комора на Република Македонија, градоначалници, бизнисмени и соработници.