Македонската православа црква со единствен став, името на Македонската православна црква останува непроменето

Црковните великодостојници  со единствен став, името на Македонската православна црква останува непроменето .Во годината кога се одбележува јубилејот 1000 години Охридска архиепископија, делегатите на Архиепископскиот Црковно народен Собор изгласаа резолуција во која првиот заклучок се однесува за неменување на името на Македонската православна црква.

Македонската православа црква историска и правна наследничка на Охридската Архиепископија и на Јустинијана Прима има достоинство на Архиепископија и се именува МПЦ-ОА, а во комуникација МПЦ.-Изјава г.Тимотеј-митрополит на Дебарско-кичевска епархија.

Со дополнување на амандманите на Уставот на МПЦ, титулата на Архиепископот е Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.

Архиепископскиот Црковно народен Собор го поддржа ставот на Светитот Архиерејски Синод на МПЦ од 26. декември 2017-та, за неменување на името на нашата држава, да не се менува Уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.

Членовите на АЦНС воедно упатуваат и апел до сите политички субјекти во земјава за одговорен пристап во овој исклучително компексен и полн со предизвици период за нашата татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и се што е македонско.-Изјава г.Тимотеј митрополит на Дебарско-кичевска епархија.

Членовите на Соборот покрај ова упатија и низа дирекни и недвојбени порака до сите политички субјекти во дражава.Архиепископскиот Црковно народен Собор упати апел до државните институции да поведе погоема грижа и за просветните институции на МПЦ како и за црковно историските споменици. Предлагаат предметот Етика во религиите да добие статус на редовен предмет во државното образование.

Согласно предлозите на Светитот Архиерејски Синод,досегашната Полошко кумановска епархија се дели на две засебни епархи и тоа:тетовско-гостиварска православна епархија и Кумановско осоговска православна епархија. Разгледувајќи го прашањето околу правниот статус на МПЦ-ОА, Архиепископскиот Црковно народен Собор, донесе амандман со кој покрај Македонската Архиепископија правен статус да добијат и сите епархии и просветни институции.