Македонската снаа Џесика Стојковски стана пратеник во Западна Австралија

 

На неделниве парламентарни избори во Западна Австралија, македонската снаа Џесика Стојковска, сопруга на Македонецот Сиљан Стојковски, стана пратеник од Лабуристичката партија од изборната единица Кингсли во Перт. Државната изборна комисија на Западна Австралија соопшти дека таа доби 11.250 гласа или 50,66%. Џесика по потекло е од Англија, мајка на две деца, зборува одлично македонски јазик.

Македонците во Западна Австралија ја честитаа нејзината победа и се надеваат на нејзината функција во прилог и на Македонската заедница во Западна Австралија и во Австралија воопшто.

Први кои и ја честитаа победата на Џесика Стојковска беа македонскиот амбасадор во Канбера Веле Трпевски и македонскиот почесен конзул во Перт Зоран Ќосески.

Даме Крцовски иако вложи максимални напори за пратеник од изборната единица Гиравен, доби 7.452 гласа или 33%, и не стана пратеник од Либералната партија. Имајќи предвид дека ова е почеток на неговата политичка кариера, Даме Крцовски изрази задоволство од освоените гласови и се заблагодари на поддршката од Македонската заедница и на сите симпатизери на Либералната партија кои гласаа за него.

Advertisement