Македонски јазик ќе се изучува и во Гудурица, општина Вршац (ВИДЕО)

Од оваа школска година, во Основното училиште “Моша Пијаде” во Гудурица, општина Вршац, шест ученика ќе го изучуваат македонкиот јазик со елемнети на национална култура. Воведувањето на македонскиот јазик како изборен јазик во училиштето дојде како резултат на долгогодишната добра соработка на здружението на македонците од Вршац и Националниот совет на македонците во Република Србија, а во меѓувреме расте и бројот на заинтересирани деца за овој предмет. Учениците само за три часа, колку досега имаа настава, научија да поздравуваат на македонки јазик, да с епретстават,, да кажат колку години имаат, да го претстават своето семсјство. Заинтересирани се да учат македонски и многу побргу отколку што планираше нивниот наставник.

“Со оглед на тоа дека ова е почеток и дека е во прашање мешовита група, нема да брзаме. Битно е да ги науќат основните фрази, основните разлики за јазиците и најважните информации за македонската култура и јазик”. Воведувањето на македонскиот јазик во наставата како изборен предмет дојде како резултат на долгогодишната соработка на училиштетот со здружението на Македонците „Вардар Вршац“ од Врашац и Националниот совет на македониците и тоа е е случајно со оглед на тоа што во Гудурица, после Србите, најбројни се Македонците.

“Некогаш имавме курс по македонски јазик. Траеше од 2008 до 2013 година. Во меѓувреме Министерството за образование ја прифати идејата како изборни предмет да биде и македонкиот јазик и тоа не охрабри да размислуваме и на таа тема“ ни рече Ненад Васич, директор на ОУ “Моша Пијаде” во Гудурица.

Едновремено почнаа интезивно да работат со децата. Направија анкета да ја видат состојбата, и кога се потврдило дека има заинтересирани, се воведе македонкиот јазик како изборен предмет. Во меѓувреме, има уште деца кои дополнително се пријавуваат дека сакаат да го учат македонкиот јазик, па се очекува дека тој број на деца ќе се зголеми. Македонски јазик како изборен предмет се изучува уште во неколку училишта во Војводина, во Пландиште и Хајдучица.

 

Advertisement