Со македонски пасош без визи во 108 држави

Според Паспорт индекс, најголема слобода за патување во светот имаат Германците и жители на Сингапур, кои со својот пасош немаат потреба да вадат визи и да посетат дури 159 држави. Вредноста на пасошот се одредува според низа параметри, но најважни се визите.

Македонците може да патуваат без визи во 108 држави, хрватите патуваат без визи во 144 држави, Словенците во 150, Србите во 112, БиХ  во 101, и Црна Гора во 105 држави.

Пасошот на САД кој до пред две години беше „најсилен“, сега не е ни меѓу првите 10. Тие места се за европски држави со исклучок на Сингапур и Јужна Кореја која е на 4-то место. Трета е Шведска, а од петтото до 10 место се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија и Норвешка. Русите може да патуваат без визи во 107 држави, државјаните на Кина во 58.

Жителите на Авганистан може да патуваат само во 22 држави без визи, а меѓу петте „најлоши“ се и Пакистан, Ирак, Сирија и Сомалија.

Advertisement