Македонските одбојкари во финалето од Европската лига

Македонските одбојкари во финалето на Европската лига победувајќи го домаќинот Данска со 3-2 вечерва. Во вториот полуфинален меч на завршниот турнир во Европската лига што се одржува во данскиот град Гентофе, Македонија со пресврт славеше со 3-2 против Данска.

Првите два сета ги добија данците, победувајќи со 25:19 и 25:20. Потоа следуваше будењето на македонската репрезентација и со 25:14 и 25:20 изборија петти дополнителен сет. Во последниот одлучувачки сет, македонските одбојкари славеја со 15:11. Тие во финалето утре ќе играат со репрезентацијата на Украина, која претходно денеска беше поуспешна од Шведска