Македонските ракометари обезбеди пласман на ЕП во Хрватска

 

Ракометна Македонија повторно се радува, вечерва репрезентацијата се избори за победа против Чешка (33:20), што значи дека го заверуваме пласманот на идното ЕП во Хрватска, кое ќе се одржува следната година. Македонските ракометари апсолутно ја надиграа селекцијата на Чешка во Скопје, и апсолутно заслужено се патници на големиот турнир во Хрватска догодина.

Македонија го контролираше првиот дел, постојано беа во водство, а на полувреме заминаа со убедливи 16:10, што на некој начин ја најавуваше победата и пласманот во Хрватска. Исто беше и во вториот дел, главниот збор го имаше Македонија, која од минута во минута го зголемуваше своето водство и иташе кон победа и заврување на пласманот на ЕП. Големи заслуги за вечерашната победа има Борко Ристовски кој забележа 15 интервенции, и Кире Лазаров кој постигна 11 голови.