Македонските туристи втори по бројни во Албанија

 

Во првата половина од годината, споредено со истот период лани, во Албанија на одмор или еднодневен престој прстигнале 1.759.294 странски туристи, што претставува раст од 9,9 отсто, споредено со истот период лани. Само во месец јуни, кога почнува летната туристичка сезона, во Албанија престојувале 437.820 туристи, што претставува раст од 13,9 отсто, споредено со јуни минатата година. Според Институтот за статистика, во уни најбројни биле странските туристи од Косово со 31 процент, од Македонија со 12,1 процент, потоа од Грција 9,2 и Италија 7,5 проценти.

Според истиот извор, и бројот на албанските граѓани кои патуваат надвор од земјата бележи зголемување. Во периодот јануари-јуни,надвор од Албанија патувале 2.263.581 албански граѓани, што е за 3,7 отсто повеќе споредено со истиот период лани. Во јуни надвор од земјата отпатувале 381.246 албански граѓани, што претставува раст од 2,9 отсто споредено со јуни мината година.

Advertisement