Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара интернационаланите изводи од матична книга да бидат и на македонски јазик

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побараа од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационаланите изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа служба, да бидат на македонски јазик. Тие сега се издаваат освен на албански и на грчки,италијански,англиски,германски,- изјави за Македонски весник “Илинден”, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Во барањето се посочува дека со донесувањето на ваква одлука на многу граѓани ќе им се помогне да не се изложуваат на дополнителни напори, како и трошоци за превод на документот од албански на македонски јазик.

Advertisement