Македонско друштво „Илинден“- Тирана со честитка за Велигден

­

 

Претседателот на Македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај по повод верскиот празник Велигден денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ ­ ОА г.г. Стефан и православните верници. ­ Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, се вели во честитката од Македонското друштво „Илинден” од Тирана. Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство, стои во честитката, и се додава дека празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.

Advertisement