Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама, митинг на Форумот на жените во Корча, минимизирајќи го бројот на Македонците во Албанија. Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо потсетува дека Македонците не живеат само во општината Пустец, туку и во областа Голо Брдо, областа Горa, и на целата територија на Република Албанија. Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо изразува разочарување од Влдата која не ги признава правата на Македонците на целата територија на Албанија туку само во општина Пустец, а кон останатите постапува дискриминаторски – стои во соопштението на друштвото.

 

Advertisement