Македонско друштво “Илинден”-Тирана сочуство до семејството на Спасе Мазенковски

Македонско друштво “Илинден”-Тирана со длабока тага ја прими веста за смртта на Спасе Мазенковски од село Леска, Мала Преспа. Основач и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, основач и Главен уредник на весникот “Преспа”, основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и учесник во сите активности на Македонците во Албанија од 1990 година.

Спасе Мазенковски на македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, разкази и репотажи “Преспа моја”, “Разбојна китка”, “Торбулетот на татко ми”, “Преспанска убавица”, “Лабид и Преспана”, “Рѓосани бисери”, “Историја на македонскиот народ во Албанија”. На албански јазик ја има објавено книгата “Историја на македонскиот народ”. Беше член на друштвото на писатели на Македонија и на друштвото на писатели “Новиот свет” во Албанија. Изразуваме најискрено сочувство кон семејството на големиот Македонец и голем патриот за својот народ Спасе Мазенковски. – стои во сопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.