Македонско друштво “Илинден”-Тирана со задоволство и дава безрезервна поддршка за кампањата #НашетоИмеЕМакедонија, организирана од Македонското меѓународно движење за човекови права 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана со задоволство и дава безрезервна поддршка за кампањата #НашетоИмеЕМакедонија, организирана од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) во Торонто, Канада. Македонско друштво “Илинден”-Тирана јавно му се заблагодарува на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) за поддршката на кампањата НиеСмеМакедонија, изразува најголема благодарност на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и на неговите партнери заради организирањето на оваа кампања уште од 2010 година.

Македонија е единствената нација во светот која не може во ОН да го користи своето име. Вкупно 137 држави веќе го признаа вистинското име на Македонија, што е околу две третини од бројот на држави во Генералното собрание на Обединетите Нации. Меѓу тие држави се и четири од петте постојани членки на Советот за безбедност. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја повторува својата поддршка за единственото вистинско име на Македонија, ги отфрла сите обиди за промена или наметнување на некакво друго име за Македонија и македонскиот народ и бара од македонската влада да ги прекине тековните разговори во ОН и да поднесе резолуција пред Генералното собрание на ОН со која што нашата земја ќе биде прифатена во ОН под единственото вистинско име – Република Македонија – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај

Advertisement