Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада не може да ја разбере логиката на премиерот Заев

Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада не може да ја разбере логиката на премиерот Заев. Според една од најактивните организации на Македонците во светот нема логика премиерот да е среќен што се менува името а воопшто да не го споменува новото име Северна Македонија.

“Ако Заев е толку среќен со договорот за менување на името на Република #Македонија, зошто тогаш не го користи името ‘Северна Македонија’ во кампањата до која од ВАС бара да го поддржите договорот”, ги прашува Македонците лидерот на ММДЧП Бил Николов чија организација се залага за бојкот на референдумот. ММДЧП од неодамна на голем број локации во земјава постави постери на кои се бара апсење на премиерот Заев.

Advertisement