Македонското здружение “Аминта” амбасадор на Македонија во Италија

 

 

За речиси две години успеваме да се доближиме до врвот на влијателните асоцијации во северниот дел на Италија, чест ни е да се пофалиме дека сме рамо до рамо со нашите колеги од Камени мост, кои долги години работата со иста намера, вели претседателот на оваа организација Лазороски Саве!! Неописливо е чувството кога на стадионот во Торино каде играше нашата фудбалска репрезентација, да се соберат околу 5 илјади македонци кои ги бодреа фудбалерите и да ги слушнеш како пеат македонцки песни. Горди сме што сме македонци а уште поголема беше гордоста тој ден во Торино, каде македонската репрезентација одигра историски натпревар со Италија, вели координаторот на Аминта, Горан Наумовски.

Токму за вакви настани ние го формиравме нашето здружение, сплотено да помагаме и се бориме за правата на македонците и доброто на Македонија!! Приоритет ни е изучување на македонскиот јазик, на чиа идеа веќе се работи!! Еден од плановите е и негување на македонските традиции и ора, поради што го организиваме македонското културно уметничко друштво Аминта. Во полн состав нашите играорци за прв пат презентираа неколку спелтови на манифестација во организација на колегите од здружението Филип втори. Со играорната раководи активистка на здружението, Даниела Наумовска, која соопшти дека составот се проширува. Засега е проблем облеката за играорците кои сите имаат свои носии е се разликуваат една од друга, но се надеваме на помош од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија од каде ни ветија дека ќе се потрудат да ни обезбедат носии еднакви за сите иргаорци!! Писмено доставив барање до Агенцијата со која имаме одлична соработка ,убедена сум дека ќе ни излезат во пресрет како и досега, вели потпретседателот на Аминта, Билјана Колоска. Од нив побаравме промотивен материјал, и веднаш ни беа испратени а кои ни беа од големо значење, кажува Колоска.

Аминта гордо ја претстави нашата земја на македонскиот ден кој беше отстапен само промовирање на нашата организација. Учествуваа 45 организации од Италија и надвор од неа. Им ја презентиравме нашата традиција, музика, ора, македонските специјалите и преку видео презентација им доловивеме дел која е нашата Македонија. Манифестација на која присуствуваа влијателни личности како и градоначалникот на Виторио Венето, каде и е регистрирано здужението,кажува претседатолот. Голема подршка имаме и од македонскиот конзулат со седиште во Местре, Венеција кои не уморно присуствуваат и не бодрат во нашите активности за афирмација на Македонија и негување на традицијата!! Инаку Аминта постои веќе 3 години, и брои над 50 тина членови. Ние и понатаму продолжуваме да го пренесуваме ставот на нашинците во провинција Тревизо, да ги реализираме нашите планови и да ја афирмираме нашата татковина, имаме и поддршка и од амбасадорот на Република Македонија во Италија Оливер Шамбески, – велат од Аминта.