Македонците од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци од граѓанската војна во грција упатуват подршка за Преседателот Ѓорге Иванов

Насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, упатуваат целосна поддршка на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод денешното во врска со Договорот Заев-Ципрас за велепредавство на нацијата и државата со којшто се предвидува промена на името и идентитетот! Насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година не се плашат, не ја губат вербата во себе и го чуваат и го негуваат македонскиот многувековен идеал на непокорот!

Во Балканските војни 1912-1913 година, Грција изврши окупација врз Македонија и геноцид врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Грција го повтори ова злосторство врз Македонците и во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, а жртви беа децата бегалци насилно прогонети од своите родни огништа. Неприфатливо е бришењето на членот 49 од Уставот, во кој се зборува за грижата на Република Македонија за положбата и правата за припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија помагајќи го нивниот културен развој и унапредувајќи ги врските со нив, и откажувањето од постоењето на Македонците во соседните земји Грција, Бугарија, Србија и Албанија!

Насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година простуваат, но не забораваат, бараат извинување и репарации од Владата во Атина!Насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година од Владата во Атина бараат враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права и поништување на дискриминаторските закони кои сето ова го оневозможуваат!

Македонците од Егејскиот дел на Македонија заедно со грчките партизани ја ослободија Грција од фашистите во Втората Светска Војна и се вградија во темелите на грчката државност. Поради тоа, насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година бараат права и слободи за Македонците во Егејскиот дел на Македонија и во цела Грција, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните. Насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, сметаат дека ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, бараат Претседателот на Републиката да објави безусловен крај на преговорите за разликата за името на државата и за тоа со нота да го извести Генералниот Секретар, а до Генералното Собрание да достави Резолуција за продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonian people и Macedonian language, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ што се’ уште траат!

Advertisement