Македонците од Италија дават целосна подршка за Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

 

Македонците од Италија дават целосна подршка за Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов вие сте последниот бастион кој може легално да го спречи ова предавство на цела една нација, на нашето милениумско опстојување. Сега како никојпат досега сме загрижени за нашата судбина. Многу се срамиме од она што ни се случува, понижени и омаловажени од таканаречените премиер и неговите соработници. Искрено се надеваме и даваме силна поддршка да спречите понатамошна кулминација на оваа веќе тешка состојба, да го спречите раздорот кој може да настане во нашето општество како последица на задкулисните игри на таканаречениот премиер.

Несватливо е цел еден народ да дознава за својата судбина од странски весници, недозволиво е еден човек да преговара за државни интереси, без консултации со претседателот на државата,  експерти, со опозицијата и со сопствениот народ. Со оглед  дека целиот пакет на заев е изработен во Грција, нека повели да си го користи таму, но не и во Република Македонија. Заев не може да биде премиер на една држава, а да добива наредби и да се консултира со политичари од друга! Тој може да се нарече премиер на Грција, со оглед дека работи за грчките интереси и под Грчки диктат, но никако и премиер на Република Македонија.

Почитуван Претседателе, народот е изгубен и револтиран и не се знае што може да се случи. Ранетото животно може да биде многу опасно. Апелираме до Вас да најдете решение за излез од оваа бездна во која не втурна лакомиот и неодговорен Заев. Македонскиот народ е со вас и чека да ги искористите гаранциите кои Ви беа дадени при давањето на мандатот на лидерот и партијата кои изгубија на последните парламентарни избори. – стои во соопштението на Македонско здружение “КАМЕН МОСТ” Канели, и Македонско здружение “ЧЕНТО” Неиве од Италија.

Advertisement