Македонците во Албанија со децении во тивка борба да ги зачуваат своите права

 

Со Букурешкиот мировен договор донесен во 1913 година  кога Македонија физички била поделена на четири дела во рамките на четирите балкански држави, четвртиот дел на југозапад на Преспа и пределот на Голо Брдо, Гора и Врбник останале во рамките на Албанија. На таков начин 1,77% од македонската етнографска територија се нашла во рамките во политичката карта на Албанија. Овие Македонски предели останале во рамките на Албанија и по завршуванњето на Втората светска војна, кога во земјата бил воспоставен социјалистицки и општествен поредок. Навистина непосредно по војната кога се негувале добрососедски односи меѓу Албанија и Југославија, било признаено постоењето на македонското национално малцинство во Албанија.

Врз оваа спогодба во 1945 година на македонците им било овозможено слободно да ја изразуваат својата национална посебност. Во повеќе македонски села во Албанија биле отворени македонски училишта со учители од СР Македонија и наставата на македонски јазик воведена само како наставен предмет два часа неделно. Подоцна во училиштето во селото Пустец, Мала Преспа, македонскиот  јазик бил воведен како наставен јазик за прво и второ одделение, додека за погорните одделенија тој бил изучуван како посебен предмет.

Во 1990 година Албанија се отвори кон светот, а македонското малцинство започнала да излегува од излолација. Македонците добиле можност да ги обноват контактите со своите роднини и пријатели во татковината Македонија што резултирало со масовни преминувања на македонско – албанската границаи и одржување на повеке средби меѓу Македонците од овие два дела на Македонија. А во 1991 година по воспоставувањето на повекепартискиот систем во Албанија, биле формирани повеќе организации и друштва Македонците од областа Голо Брдо се организираа во политичкото друштво ‘’Братство’’ со седиште во Тирана. Македонците во Мала Преспа на 8 септември 1991 година формира друштво „Преспа”. Во март 1993 година се формира политичко друштво ‘’Мир’’ со седиште во Тирана.

Во 1992-1993 година се печатеше весникот Мир за финациски причини не се печатит. Во април 2008 година се формира фудбалски клуб Фк Македонија со седиште во Тирана. На 06.02.2009 година во Тирана e формирано Македонско друштво ”Илинден”-Тирана со седиште во Тирана. Македонски весник „Илинден” излезе на печатење во Фебруари 2011 година во Тирана, Република Албанија. Македонски весник „Илинден” е весник на Македонско друштво „Илинден”-Тирана и единствен весник на Македонците во Република Албанија, излегува во печатна верзија и електронска верзија. На 15.10.2012 година Македонско друштво ”Илинден”- Тирана отвара свој огранок  во Голо Брдо со седиште Требиште.

Целата на сите овие организации е унапредување на правата и положбата на македонското национално малцинство на сите сфери на животот во Албанија. Позицијата на етничките Македонци во Албанија е далеку од оној на етничките Албанци во Македонија бидејќи во Македонија етничките Албанци се појавуваат како пратеници во Собранието, додека  во Албанија се уште немаат можности за вистинско политичко учество. Во моментов, македонците немат свој пратеник во собранито на Албанија, во институциите на државната власт и локалната самоуправа се преставени минимално. Најголемата среќа и најголемото задоволство за секој Македонец во Албанија е секогаш и секаде да може да се декларира како Македонец , чедо на Македонија и да ги учи и негува културното творештво традиција на Македонија.