Македонците во Франкфурт закачија знамиња и летоци пред грчкиот конзулат

Покрај со контрапротест на грчкиот протест во саботата во Франкфурт, македонските иселеници во Германија одговорија и на антимакедонскиот митинг во неделата во Атина со герилска акција пред Генерален конзулат на Грција во градот Мајна. Тие закачија банер со натпис „Македонија на Македонците“ на англиски јазик пред влезот во грчкото дипломатско претставништво. Покрај тоа, герилците ги „накитија“ и околните светилки и столпчиња со пропаганден материјал со повици до сонародниците „Македонци, потребни сме ѝ на нашата татковина“ и „Нашето име е Македонија. Промена на името е промена на идентитетот. Бојкотирам“. Според германски податоци во 2011 година во оваа земја живееле 67.147 Македонци, но, според „Дојче веле“, само во 2015 година се доселиле 12.000, па проценките се дека нивниот број досега веројатно достигнал 100.000. Во покраините Баден Виртемберг и Северна Рајна Вестфалија живее половината од вкупниот број Македонци во Германија.