Македонците во Република Српска претставени за 15 години на Сојузот на националните малцинства на Република Српска

 

На 22 Септември по повод 15 години од работата на Сојузот на националните малцинства на Република Српска беше одржана Свечана академија во Бански двор во Бања Лука на која нашиот долгогодишен член и основач на Сојузот Димитрије Трифуновски доби признание за долгогодишна несебична работа и допринос во работата на Сојузот. Вечертта беше одржана традиционалната 15-та Смотра на националните малцинства која ја отвори министерот на образование и култура Дане Малешевиќ кој рече дека Сојузот е чувар на културата на сите национални малцинства кои живеат на просторот на Република Српска и допринесува за зачувување на националниот идентитет ,негување на јазикот ,културата и верата и ја унапредува соработката на сите припадници на национални малцинства.

Градоначалникот на Бања Лука Игор Радојичиќ истакна дека Смотрата на културното творештво на националните малцинства на Република Српска е многу важна, бидејќи претставува богатство на културата и градот Бања Лука и на Република Српска. „Поносни сме со знамињата кои се овде и со она што вечерва ќе биде претставено покажуваме дека овде живее Европа во мало“-истакна Радојичиќ. Претседателот на Сојузот Фрањо Ровер рече дека Република Српска е препознаена како мултикултурална средина и дека е сочуван статусот на секое национално малцинство и секако се гледа нивното влијание на целото друштво ,културата и историјата на овие простори.