Меркел по четврти пат канцелар на Германија

 

Германскиот парламент на денешната седница по четврти пат ја избра Ангела Меркел за германска канцеларка, и така стави крај на речиси шестмесечната политичка неизвесност. За повторен избор на Ангела Меркел гласаа 364 пратеници, од кои 315 против, а девет беа воздржани.

За повторно да биде избрана, на Меркел ѝ требаше поддршка од мнозинството на парламентарните пратеници, односно, најмалку 355 гласови. Коалицијата, која се состои од конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU) на Ангела Меркел, нејзината сестринска баварска партија, Христијанско-социјалната унија (CSU) и од Социјалдемократската партија (SPD), има 399 пратенички места во Парламентот. Истите партии беа на власт во претходните четири години, а денешното гласање се одржа на 171. ден по септемвриските избори.

Социјалдемократите првобитно планираа да одат во опозиција, но во почетокот на мај го поддржаа формирањето на владејачката коалиција со конзервативниот блок на германската канцеларка. Новиот кабинет на Ангела Меркел во овој мандат ќе биде доста изменет.

Advertisement