Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп ќе ја посети Република Македонија

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп ќе престојува во Република Македонија, во рамки на нејзината посета на Источна Европа планирана од 9 до 15 јули. Ма време на посетата, Бишоп, како што се најавува на официјалната веб страница на австралиското МНР, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на невладини организации кои работат со финансиска поддршка помош на Владата на Австралија.

Ова е прва посета на министер за надворешни работи на Австралија на Република Македонија. Во рамки на посетата на регионот Бишоп ќе престојува и во Хрватска и Србија, а посетите имаат за цел зајакнување на билатералните односи и подобрување на економските и безбедносни интереси на Австралија во регионот.