Мировниот договор меѓу Јапонија и Русија ќе биде во корист на двете земји

Јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека потпишувањето мировен договор со Русија ќе биде во корист на двете земји. Според веста на јапонската агенција „Киодо“, премиерот Абе во говорот на островот Хокаидо во врска со мировниот договор со Русија рече дека потпишувањето на истиот ќе биде во корист на двете земји.

Премиерот Абе во говорот рече дека враќањето на Јужните Курилски острови е наша искрена желба. Се залагаме ова прашање да го реши нашата генерација. Во случај да се потпише договорот, ќе направиме се што е потребно Русија да разбере дека договорот ќе биде во корист за двете страни, рече Абе.

Јапонија за потпишување на мировниот договор со Русија која кон крајот на Втората светска војна ја презеде контролата над Курилските острови, го поставува условот за враќање на истите.

Advertisement