ММДЧП бара извинување од Фејсбук за учество во ширењето на антимакедонска омраза

 

Наместо да ја игнорира антимакедонската омраза, следејќи ја досегашната пракса, Фејсбук сега активно се вклучи во неа. Ник Петровски, Македонец од Сиднеј, Австралија неодамна креираше рамка facebook.com/RiseUpMKD, во одбрана на постојаните напади на Грците врз македонскиот етникум. Фејсбук реагираше со тридневна забрана за г-дин Петровски заради „кршење на нивните стандарди”. Како е можно одбраната на едно од најосновните човекови права, самоопределувањето, да е против стандардите на Фејсбук? Погледнете го соопштението за јавност на ММДЧП во кое во 2016 година баравме од Фејсбук да не дозволи ширење на антимакедонска омраза од страна на Грци, Бугари и Албанци. Одговорот на Фејсбук беше дека таквата омраза “НЕ ги крши нивните стандарди”.

Грција почна да се бори за името Македонија во 1988 година, признавајќи дека создава вештачки спор за името како начин да не го признае постоењето на неговото големо македонско малцинство и да се прикрие огромните злоупотреби на човековите права против истото. Културното отуѓување не може да биде наградено и не може да се користи како изговор за прогоннување на една цела етничка група. Обединетите Нации, Европскиот Суд за Човекови Права, американскиот Стејт Департмент и уште безброј други организации за човекови права ја осудија Грција за нејзиното систематско прогонување на Македонците и побараа од неа веднаш да го признае своето македонско малцинство и да им ги обезбеди правата што им се гарантирани со секоја меѓународна конвенција за човекови права.

Од Фејсбук очекуваме итно извинување и промена на нејзината политика. Ги повикуваме Македонците во светот да ни се придружат. Поажлете се до Фејсбук и побарајте неодложна интервенција. Користете ги хаш-таговите #НашетоИмеЕМакедонија#НиеСмеМакедонија и тагот @ммдчп. Сите Македонци се обединети во својата одбрана. Приклучете се во кампањата на ММДЧП, „Нашето име е Македонија“ и поддржете го нашето барање за прекин на антимакедонските преговори за името. Да го одбраниме нашето право да бидеме она што отсекогаш сме биле – Македонци.